Северина не крие дека е вљубена во познат рапер

Северина на својот Инстаграм после Супер Боул објави видео од полувремето во кое настапи Еминем.

Хрватската пејачка очигледно е голем обожавател на познатиот рапер, а по снимката на неговиот настап се појавија и фотографии на кои таа носи маица со неговиот лик.

„Ако луѓето земат нешто од мојата музика, нека биде мотивација да знам дека сè е можно додека работите на тоа и не се откажувате“, рече Северина за Еминем и го обележа познатиот музичар на фотографија.

Се чини дека и хрватската пејачка е воодушевена од шоуто кое Еминем и тимот го приредија на полувремето од Супербоулот.