Актуелната владејачка гарнитура води очајни и криминални политики, кои наместо задржување на младите во земјата ќе предизвикуваат нивно поинтензивно иселување, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски, граѓански активист и поранешен функционер на СДСМ, во својата објава на Facebook.
„Влада која почна со филмско рушење на дивоградбата во „Мавровка“, која потоа се догради, која донесе закон за легализирање дивоградби, која го прелажа УНЕСКО, која не прекина да гради мали хидроцентали по Шара и Маврово, сега веќе отворено животари со тендери за Нефи Усеини кој градеше без дозвола и црпеше песок од езеро, а сега е член на Комисија за заштита на животната средина.
Ама гласот на народот го слушале?!
Ваков очај од неправда и незаконие, криминал и корупција ќе ви ги врати само партиските старци од Германија, а сѐ што е младо и нормално или ќе го избрка од државата или трајно ќе го поремети и откаже од државата“, реагираше Мицковски.