Општа мобилизација на побунетиот исток на Украина

Челниците на доминатно руските самопрогласени народни републики во Донецк и во Луганск на истокот на Украина прогласија општа мобилизција во саботата, ден откако наредија жените, децата и старците да се евакуираат во соседната Ростовска област на руската територија, откако ги обвинија украинските сили под контрола на владата во Киев за подготовка за наводна офанзица и кршење на примирјето.

Денис Пушилин, кој е челник на ткн „Наронда Република“ во Донецк, изјави во видео порака дека го потпишал указот за мобилизација и ги повика мажите „кои можат да држат оружје во раце“ да дојдат во воените одброј.

Набрзо подоцна ист проглас објави и Леонид Пасечник, челник на ткн „Народна Република“ во Луганск.

Бунтовничките власти во петокот вечерта објавија планови за евакуација на најмалку 700.000 лица, наведувајќи го стравувањето од наводно многу веројатен напад на украинските сили, што Киев го отфрли. Околу 7.000 луѓе се евакуирани од Донецк, во саботата утрото, соопшти локалното министерство за вонредни случаи.

Украинската војска соопшти дека во саботата утрото забележачла 12 кршеа на примирјето од страна на проруските милиции во источна Украина, по 68 случаи во претходните 24 часа.

Од Донецк и од Луганск, исто така, објавија дека во последните два дена украинските сили извеле околу 150 гранатирања, од кои во саботата утрото биле гранатирани десет населени места на нивните територии.

Притоа, наедуват дека само изминатата ноќ биле истрелани 250 гранати, меѓу другото и од 122-милометари артилерски орудија, коишто според Минскиот договор од 2015 година треба да се повлечени на најмалку 70 километри зад линијата на раздвојување на конфронтираните страни.

Очевидци навеле за Reuters дека во Донецк во саботата утрото се слушнале неколку експлозии, но засега не било можно да се утврди за какви експлозии станува збор. Според бунтовничките власти, цел бил водоводот, кој снабдува со вода 40 градови и села во пошироката област Донбас.

Двете страни редовно меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.