Фронтални борби на пешадиските единици во Донбас, локалните жители се вооружуваат

Состојбата на истокот на Украина се вжештува, од двете страни може да се слушнат за употреба на артирелиско орудие, но веќе пристигнаа информации за фронтални борби на пешадиските единици.

Известено е дека 40.000 цивили ги напуштија Донбас и се засолнија во Русија, но од медиумските исвестувања дознаваме и дека голем дел од тие што останаа, побарале оружје од сепаратистичките власти, за да се бранат од нападот на украинската војска.

Инаку,  Белорусија и Русија ќе продолжат да одржуваат заеднички воени вежби, што значи дека руските трупи нема да се повлечат од земјата како што беше претходно најавено, изјави белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин.

Вежбите требаше да завршат денеска. Овој потег дополнително го интензивира притисокот врз Украина бидејќи западните лидери и НАТО предупредуваат на неизбежна руска инвазија врз Украина.

Кренин рече дека одлуката е донесена поради зголемените тензии во спорниот украински регион Донбас и „во врска со зголемената воената активност во близина на надворешните граници“ на Русија и Белорусија.

НАТО соопшти дека 30.000 војници кои Русија во моментов ги има во Белорусија би можеле да бидат дел од планираниот упад.

Русија постојано негира дека планира инвазија на украинска територија.