Путин и Макрон ноќеска уште еднаш телефонски разговарале

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега по должност Емануел Макрон измината ноќ имаа уште еден телефонски разговор за ситуацијата во Украина, потврди во понеделникот протапролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно во неделата, како што соопшти Елисејскиот дворец, Макрон и Путин телефонски разговарале речиси два часа. Според француското претседателство неделниот разговор меѓу двајцата челниците, по нивната средба на 7-ми февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.

„Страните се договорија да работат на организирање состанок на трилатералната работна група за Украина во наредните часови“, објави француското претседателство.

„Вчера, околу еден часот по полноќ (по московско време) на иницијатава на …. Макрон се одржав вториот телефонски разговор дента на лидерите на Русија и Франција (…) Претседателите продолжуја да разговараат за ситуацијата околу Украина“, изјави портпаролот на Кремљ.

Според Песков, челниците „ја истакнаа потребата од продолжување на дијалогот на ниво на министерствата за надворешни работи и политичките советници“.

„Во блиска иднина можни се контакти меѓу Русија и Франција на ниво на министрите за надворешни работи.

Претходно рано утрото во понеделникот кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави дека американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласиле на самит за Украина на предлог на Париз.

Кабинетот на Макрон објави дека на двајцата претседатела им бил предложен самит за „безбедноста и стратешката стабилност во Европа“.

Белата куќа наведе дека Бајден начелно го прифатил состанокот, но „само доколку не се случи инвазија“.

„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Исто така, подготвени сме да наметнеме брзи и тешки санкции доколку Русија наместо тоа избере војна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Од Кремљ, исто така, не ја исклучија можноста за контакти меѓу Путин и Бајден, и истакнаа дека доколку тоа е потребно, претседателите можат брзо да ги договорат.

„Се разбира, не ја исклучуваме (можноста за средба). Доколку е потребно, секако, претседателите на Русија и на САД можат во секое време да донесат решение за контакти, телефонски или лични. Тоа ќе бида нивна одлука“, рече Песков.

Истовремено портапролот на рускиот претседател рече дека во моментов е тешко да се зборува за организирање каква и да е средба.

„Средбата е можна доколку претседателите сметаат дека е соодветна, Сега постои јасно конкретно сфаќање од потребата за продолжување на дијалогот на ниво на министрите (за надворешни работи“, истакна Песков.

Начелниот договор за одржување состанок на врвот на челниците на двете супер-сили дојде по низата телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин и британскиот премиер Борис Џонсон. Поединостите за самитот сѐ уште не се познати, а Елисејскиот дворец и Белата куќа соопштија дека неговата тема ќе ја разработат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во текот на нивниот претстоен состанок планиран за 24-ти февраури.

Веста за самитот доаѓа по седмицата засилени тензии поттикнати од обвинувањата на Западот дека Москва наводно трупа војска на границата со Украина што се толкува како вовед во инвазија, и руските обвинување дека Киев потикнат од некои западните земји ги зголеми силите во одметнатата проруска област Донбас и се подготвува за воено решение на долгиот конфликт на истокот на земјата.

Во долгата игра на нерви, атмосферата дополнително се вжешти кога белоруското министерство за одбрана објави дека ќе бидат продолжени воените вежби кои задно со руската војска се изведуваат во Белорусија а требаше да завршат во неделата.

Русија од почетокот на минатата седмица објавува за повлекување на единиците претходно распоредени во близина на границата со Украина, но САД и НАТО тврдат дека станува збор за ротација на единциите и дека наводно, напротив, руските сили се сега побројни во областа.