Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег.
Во рамките на оваа голема акција, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија околу 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.
-Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Eкипите на градските јавни претпријатија ќе продолжат и во наредниот период со засилени активности на терен за расчистување на дивите депонии на подрачјето на Скопје, велат од Град Скопје.