Почина жена повредена во сообраќајка во Кочани

Педесет и шест годишната Ленче Ц. од Кочани им подлегнала на повредите кои ги здобила во тешка сообраќајка која се случила во наделата вечерта на патот од селото Тркање кон селото Бање, кочанско.

До несреќата дошло при судир на „Голф“ кој го управувал 29-годишниот Д.Н. од кочанско Соколарци и „Шевролет Спарк“ управуван од Т.Ц. (58) од Кочани.

Со тешки повреди во несреќата се здобиле четири лица кои биле во „Спаркот“, Т.Ц., Ленче, 30-годишната Н.К. од Виница и нејзиниот две годишен син.

Тешко повредените биле пренесени во Клиниките во Скопје, а вчера на повредите им подлегнала Ленче.