
„Мојата преспектива е следна – Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! Политичарите и историчарите можат до задутре да зборат што сакаат. Тој 1940 и која година е донесен овде во Свети Димитрија, значи Георги Димитров дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат тука“.
Вака изјави пејачот Бени Шакири вечерва на „Само Вистина“ на Канал 5 пред да биде прекинат од диџејот Мирко Попов. Шаќири заедно со Попов и глумецот Сашо Тасевски дебатираа за состојбите во земјата.
Мирко Попов, од друга страна, смета дека треба им се даде шанса на преговорите:
– Гоце Делчев и Даме Груев кога умреле 1900 и која сигурно вака викале никад нема да нѐ биде, ќе загинеме ама многу е тешка ситуацијата. А, денес имаме држава и сите слободо зборуваме македонски, имаме право да се мешаме во политика од време на време – рече Попов, откако повеќе пати побара сепак да се даде шанса на преговорите со Бугарија.
– Ако идат преговорите во бескрај и ништо не се разбираме, во еден момент може и јас ќе се согласам и ќе речам доста више, не збориме со вас. Но, во моментов мислам дека уште треба да збориме.. Што побргу ги разрешиме тие очигледно наметнати проблеми, решението на проблемот со Грите е доказ, тоа помалку ќе се замараме со глупости, уместо да зборуваме за уметноста и културата во Македонија се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни – рече Попов.
Тасевски му возврати на Попов дека отстапките кои Македонија ги направи кон Грција само ги засилиле апетитите на Бугарија да постави нови барања кон Македонија.