Сакал да тужи проститутка, па добил казна од 800 евра

Маж во шпанското место Албал ѝ платил на проститука 30 евра па отишол во полициска станија за да ја пријави бидејќи „до крај не ја изршила платената услуга“, но потоа полицијата него го казнила со 800 евра поради плаќање сексуални услуги, извести локалната полиција.

Кога неименуваниот маж во Албал, место оддалечено 8 километри од Валенсија, влегол во станицата за да ја тужи проститутката полицајците му рекле дека во тоа место е пропишана казна до 800 евра за користење такви услуги.

Потоа му одредиле максимална казна со што мажот, кого полицијата го оквалификувала со погрдниот назив „путеро“, станал првото лице казнето поради користење услуги од проститутки на јавно место.

Албал со 16.600 жители стана првото гратче во Шпанија во борбата против проституцијата и сексуалното искористување.

Таквото справување со ваквите појави започна откако во јануари 2021 година исчезна 19-годишната Флорина Гогос, девојка од Романија додека пружала сексуални услуги. Нејзиното тело е пронајдено во блискиот канал, а потоа е приведен 60-годишен маж, локален трговец осомничен дека ја задавил.

Неколку општини во околината на градот Валеснија се обединија во справувањето со проституцијата којашто се одвива на тамошниот автопат V-31.

Флорина не била првата жртва, бидејќи во 2004 година една девојка била пронајдена мртва со прострелани гради, и тоа на истото место каде Романката последен пат била видена жива.

Минатата година беа пропишани казни од 350 евра за огласување на проституцијата, како што се делење летоци или поставвуање огласи на прозорците на паркираните автомобили. За користење на услугите пропишани се казни од 750 до 800 евра.

Властите во гратчето Албал се најжестоките во обидот да ги заштитат девојките, означени како жртви на сексуално искористување и трговија со луѓе, па во рамките на мрежата од 20 тамошни општини настојува да ја искорени проституцијата. Повикаа на борба против макроата и корисниците на сексуалните услуги и бараа од регионалната влада на Валенсија повеќе да се ангажира. Пред неколку месеци 27 локални полицациј учествуваа на курс во врска со проституцијата и сексуалното искористување.