Путин: Мировниот договор веќе не постои

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција на која одговараше на прашања за ситуацијата со Украина, откако Горниот дом на Думата едногласно одобри дозвола за преминување на границата со воени сили.

Владимир Путин рече дека мировниот договор од Минск за источна Украина бил прекршен уште пред да ја признае независноста на двата региони.

„Мировниот договор повеќе не постои“, рече тој. Тој додаде дека најдобрата одлука што може да ја донесе Украина е да се откаже од НАТО. Тој рече дека „Украина, вооружена до заби е неприфатлива“.

“Ние сме подготвени за мирни преговори. Сè што разговаравме може да се спроведе. Ако престанат да ја вооружуваат украинската влада, тоа е единствениот фактор што може да се контролира. Кога тоа ќе се направи, лесно можеме да се префрлиме на други работи. Актуелниот претседател на Украина го прогонува поранешниот лидер“.

„Уште од времето на СССР, знаеме дека Украина има нуклеарни капацитети, има развиена нуклеарна индустрија, како и луѓе кои се потребни за брзо развивање на оваа програма. Тоа е само првото нешто што треба да се спомене. Немаат систем за збогатување ураниум. Каква закана е ова? Ова е стратешка закана за Русија и важно е да се има на ум тоа. Москва може да биде изложена на директен напад и затоа ја сфаќаме многу сериозно“, рече меѓу другото рускиот претседател.