Арсовска се сретна со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините

Градоначалничката Арсовска денес се сретна со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво, Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова, информираат од Град Скопје.

Арсовска и претставниците од СРМА разговараа за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините.

На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива, се вели во соопштението од градот.