
Европската унија во средата официјално го усвои првиот пакет санкции против Русија, како нејзин одговор на одлуката на Москва да ги признае самопрогалсените проруски народни републики во источно украинските региони Донецк и Луганск и одлуката за испраќање единици кои според руската страна треба да спречат наводна украинска офанзива.
Одлуката е усвоена откако е завршена постапката во којашто сите земји членки дале поддршка за санциите.
Во рамките на веќе претходно постојните санкции, ЕУ сега ги прошири рестриктивните мерки на сите 351 пратеници во руската Дума коишто на 15-ти февраури изгласаа декларација за признавање на независноста самопрограсените решублики во Донецк и Луганск која подоцна му ја испратија на претседателот Владимир Путин.
Санкциите се воведуваат и против дополнителни 27 истакнати поединиц и правни субјекти кои имаче улога во „поткопувањето или загрозувањето на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.
Тоа ги влучува членовите на руската влда, кои биле вклучени во носењето на одлуката, банки и деловни луѓе кои финансиски и материјално соработуваат со руското население од Донецк и Луганск или имаат полза од работа на територијата на источните украински региони., на високи воени офицери кои имале улога во воените активности, како и поединци кои Брисел ги обвинува дека се одговори за наводнотои водење војна на дезинформации против Украина.
Санкциите вклучуваат замрзување на сопственоста и забрана ставање на средствата на располгањње на наведините поединци и субјкети. Покрај тоа, забраната за патувањата која се применуваат на наведените лица им оневозможуваат влегување или транзит низ територијата на ЕУ.
Се забранува и трговијата меѓу ЕУ и делови од областите на Донецк и Луганск кои се под контрола на милициите на тамошното доминантно руско и рускојазично население.
Санкциите вклучуваат и секторска забрана за финансирскиот сектор на Руската Федерација, нејзината влада и централната банка на државата. Со ограничувањето на можноста Русија и нејзината влада да пристапат до западниот капитал и финансиските пазари и услуги во ЕУ, Брисел сака да го ограничи „финансирањето на агресивните политики“.
ЕУ истакнува дека е подготвена да усвои поопсежни политички и економски санкции доколку е потребно. Соодветните правни акти, вклучително и имиеата на санкционираните лица и правни субјекти веднаш во средата вечерта се објавени во службениот весник на Унијата.