Утре самит на НАТО, се очекува испраќање дополнителни сили на истокот, Минск се подготвува за одговор

НАТО ги активирал одбранбените планови за распоредување дополнителни трупи во земјите членки на своето источно крило на гранциите со Русија, а во петок преку видео-конференција ќе одржи самит, изјави во четвертокот генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Свикавме виртуелен самит за утер за да го анализираме следните чекори коишто треба да бидат преземени, и ги активиравме напите одбранбени планови за да можеме да распоредиме дополнителни сили онаму каде што ќе биде потребно“, изјави Столтенберг по итниот состанок на Северноатлантскиот сове, тело коешто го сочинуваат амбасадорите на земјите членки во НАТО.

Додаде дека Русија со „отворената агресија“ врз Украина, ја „затворила вратата за политичко решение на кризата“ и рече дека Москва „никогаш не ги сфаќала сериозно разговорите во кои се правеше обид да се најде политичко решение“.

Набрзо белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин изјави дека Минск има етапен план за одговор на зголемувањето на трупите на НАТО во близина на границата на неговата земја, и дека тој ќе биде адекватен на моменталната состојба. Според него, Минск има планови за одговор особено на западната и на северозападната граница.

„Таму забележуваме контингенти на странски сили, истите операциите кои се водат од 2014 година сега се засилени и унапредени. Во Полска и балтичките земји има речиси 8.000 американски војници, а ги следиме новите изјави за зголемување со 5.000 војници на воздушно-десантна дивизија во оваа земја. Го следиме распоредувањето, зајакнувањето на воената инфраструктура складирањето опрема и муниција на локации на кои треба да пристигнат војниците“, рече белорускиот министер.