Украинскиот претседател, Володимир Зеленски побара од израелскиот премиер да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија.
-Не одбија. Се обидуваат да видат каде се наоѓаат во оваа игра шах, рекол украинскиот амбасадор во Израел, Нафтали Бенет, пренесува The New York Times.
Зеленски го побарал ова во текот на синоќешниот телефонски разговор со Бенет, а ова не е прв пат Зеленски да упати вакво барање, но е прв пат по почетокот на руската инвазија.
Израел е една од ретките држави која има релативно добри односи и со Русија и со Украина.
-Сакаме преговорите да се одржат во Ерусалим. Мислам дека Израел е вистинска земја за вакви преговори среде војна, му рекол Зеленски на Бенет.
Засега не е познато како реагирал израелскиот премиер на ова барање, а од неговиот кабинет одбиле да го коментираат телефонскиот разговор.