Во петокот Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А на 21, М.А на 18 и Б.Р на 35 години, сите од Пакистан, за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законика, за што, од страна на судија на претходна постапка на тројцата кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово, Регионален центар југ и Регионален центар север, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ОЈО Куманово, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на три лица илегални мигранти кои на 24.02.2022 во улога на водичи, со цел стекнување на противправна имотна корист, пренеле шест лица илегални мигранти по потекло од Индија преку српско-македонската граница до локалитетот Табла (локација меѓу селтата Богородица и Стојаково, Гевгелија), со цел нивно понатамошно превезување и префрлување преку македонско-грчката граница со крајна дестинација државите на ЕУ.
Лицата по претходен договор за сума од 1.000 евра по лице, ги прифатиле лицата илегални мигранти во непосредна близина на српската престолнина Белград, илегално ги пренеле истите преку српско-македонската гранична линија пеш, од каде организирале повторно префрлување на истите со возило до гевгелискиот регион, со цел понатамошно илегално префрлување во Република Грција.