Град Скопје ги реконструира пешачките патеки во Градскиот парк  

Град Скопје отпочна со реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри. Во рамките на овие активности дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.

Градоначалничката Арсовска заедно со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов направија обиколка и увид на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк. Реконструкцијата на патеките се реализира фазно, а се отпочна со работа на патеките во западниот дел на Градскиот парк, на површина од околу 9000 квадратни метри.

Градот Скопје продолжува со активности за одржување на постојната инфраструктура, изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на нови зелени појаси низ населените места во Скопје.