Спикерот на рускиот парламент тврди дека Зеленски го напуштил Киев

Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин, изјави во саботата дека украинскиот претседател Владимир Зеленски брзо го напуштил Киев и заминал во Лвов на западот на земјата, и оти уште во петокот не бил во украинската престолнина а видеата кои ги објавува на социјалните мрежи се претходно снимени.

„Тој (Зеленски) уште вчера не бил во главниот град на Украина. Заедно со своето опкружување поблегнал во градот Лвов, каде што тој и неговите помошници се сместени“, вели во записот на Telegram каналот спикерот на долниот дом на рускиот парламент, пренесува агенцијата РИА.

Според Володин, информацијата потекнувала од пратници во Врховната Рада, украинскиот парламент, кои се обиделе да се сретнат со шефот на државата во Киев, но биле препратени во Лвов, каде што Зеленски наводно е под заштита на „украинските неонацисти“ кои на западот од земјата имаат силни упоришта.

Зеленски во петокот и саботата објавуваше видеа во кои рече дека тој, премиерот Денис Шмихал, како и шефот на претседателскиот кабинет Андрик Ермак и советникот во неговиот кабинет Михаил Подлјак се во Киев.

Зеленски во саботата попладнето објави пркосно видео од киевски улици по ноќта на интензвини престрелки и експлозии.

„Тука сум“, вели Зеленски во снимката очигледно уморен додка оди по киевска улица во мугрите. Порача дека Украинците нема да го положат оружјето како што бара рускиот претседател Владимир Путин за да се одржат преговори.