Руските единици во Украина, по запирањето на дејствијата во петокот во очекување на одговорот од Киев за почеток на преговори, во саботата добила наредба да ја прошири офанзвиата, и покрај засилените меѓународни критики велејќи дека се одбиени преговорите и дека се засилени гранатирањата од украинските позици врз цивилното населние во Донбас.
„Денеска сите единици добија наредба да ја прошират офанзивата во сите насоки, во согласност со планот за настапување“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков и додаде дека проруските милиции на истокот од Украина, со помоп на руските единици пријавиле „воени успеси“.
Конашенков предупреди на обидот на украинските воени бродови да ги нападнат руските во Црното Море, додавајќи дека „многу веријатно биле наведувани од американски беспилотни летала“.
Конашенков повтори дека руската војска не ги напаѓа станбените квартови туку само воената инфраструктура и позиции од кои се отвора оган, но новинарите на AFP известуваат дека виделе повеќе станбени згради и домови оштетени во борбите ширум земјата.
Портапролот на руското министерство за одбрана, исто така, ги обвини украинските власти дека во судирот го вклучуваат и необучено цивилно население, делејќи му оружје на неконтролиран начин и предупреди дека таквите потези имаат целл на Киев „неминовно да резултираат со незгоди и човечки загуби“.
Украинската влада во петокот ги повика сите граѓани од 18 до 60 години да земат оружје во раце и да ѝ помогнат на војската, и го забрани нивното излегување од земјата.