
Американскиот претседател Џо Бајден во саботата оцени дека алтернатива за широките жестоки санкции против Русија од страна на Западот поради нејзината воена операција во соседна Украина би биле „трета светска војна“.
„Имате две раријанти: да започнете трета светска војна, да започне физичка војна со Русија или, пак, да се погрижите земјата којашто дејствува толку спротивно од меѓународното право да ја плати цената за она што го направила“, рече Бајден во интервјуто со блогерот Тајлер Коен од кое видеото беше објавено во саботата на YouTube.
Американскиот претседател истакнува дека досега воведените санкци, од негова гледна точка, се „наголемите во историјата“ и оти ќе се чувствуваат долго време.
„Русија ќе плати сериозна цена за ова и на кус и на долг рок“, особено долгорочно“, додаде Бајден.