Зеленски ја обвини Русија за „геноцид“ и бара да ѝ се одземе правото на глас во Советот за безбедност

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во саботата вечерта во нова објава на Twitter ја обвини Русија за „геноцид“ со нејзината воена операција во Украина и ги повика Обединетите нации да ѝ го одземат правото на глас во Советот за безбедност.

„Советот за безбедност на ОН мора руските акции да ги квалификува како ‘геноцид’“, напиша Зеленски.

Покрај тоа, на Русија треба да ѝ биде одземено правото на глас во Советот за безбедност, додава Зеленски кој во саботата вечерта телефонски зборувал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвинуваше Украина за масовни злосторства против руското населние на истокот од Украина, за што понуди докази, а за владата во Киевр рече дека ја водат неонацисти.

Руската амбасада во петокот му предаде на француското Министерство за надворешни работи докази за злосторства против човештвото и воени злосторства на Киев во Донбас. Како што додаваат од прес-службата, овие материјали биле испратени и до најголемите медиуми и организации за човекови права.

Претходно, Истражниот комитет на Руската Федерација соопшти дека има докази за вмешаност во воени злосторства од 2014 година во Донбас на поранешни и сегашни воени функционери на Украина.

Путин кој во четвртокот го обвини ткн цивилизиран свет дека го игнорира геноцидот кој официјален Киев го врши во Донбас со што се погодени најмалку четири милиони луѓе, истата ноќ нареди руската војска да започен воена операција во Украина за која тврдеше дека поттикната од Западот се подготвува за воен напад врз регионите Донецк и Луганск.

Зеленски во саботата ги подготвуваше своите сонародници за долга војна против руските војници.

„Ќе се бориме колку што треба долго за да ја ослободиме земјата. Дури и ако децата се раѓаат во засолништа и бомбардирањата продолжат, непијателот нема ни најмали шанси да победи во оваа војна против народот“, напиша Зеленски.