Украина се согласила на средба со Русија без прeдуслови

Украинската делегација се согласила на средба со руската на територијата на Белорусија без предуслови, објви во неделата попладнето telegram каналот на белорускиот претседател.

Претходно украинскиот претседател Владимир Зеленски потврди дека имал телефонски разговор со белорускиот претседател Александр Лукашенко, но воопшто не ја спомена содржината на разговорот.

„Претседателот Александр Лукашенко му се јави на Владимир Зеленски. Политичарите се договориуја украинската делегација да се сретне со руската без предуслови на украинско-белоруската граница кај реката Припјат“, објавија од службата за односи со јавноста на белорускиот челник.

Според истото соопштение, Лукашенко ја преземал врз себе одговорноста во текот на патувањето, траењето на преговорите и враќањето на украинската делегација, сите авиони, хелкипотери и ракето разместени на белоруската територија да останат приземјени.

Преговорите меѓу руската и украинската делегација ќе се водат во Гомелската област на белоруско-украинската граница, објави претходно Sputnik Белорусија.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека украинската страна треба самостојно да одреди на кое ниво и во кој состав ќе биде застапена во преговорите со Русија.

„Секоја страна, обично на сите дипломатски преговори, самостојно го одредува нивото и составот што смета дека е неопходно, како на ниво на експерти, така и на ниво на самите шефови на делегации“, вели Руденко пренесе агенцијата ТАСС.

Претходно претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го прокоментира одбивањето на Владимир Зеленски да разговара со руската делегација во Гомел. Според неговите зборови, претседателот на Украина не ја донел оваа одлука сам.

Руската делегација од Белорусија веќе е во екот на преговорите со Украина. Ова на 27-ми февруари го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Буквално околу 15:00 часот ја завршивме идејата за договор, ќе разговараме за возење во близина на регионот Гома, како што предложија. Нашата делегација е комплетирана“, вели шефот на делегацијата, Владимир Медински.

Русија е подготвена да преговара со Украина во секое време за постигнување мир, додаде Медински.

„За нас, повторувам, е важен секој спасен живот на нашите браќа – украински граѓани, цивили – и спасените животи на оние украински војници кои се уште се на линијата на конфликтот. Затоа, ние сме подготвени да преговараме, руската страна и руската делегација се подготвени да преговараат во кое било доба од денот за да се постигне мир“, рече Медински.