
Торино на домашен терен во неделата во натпревароти од 27-то коло од италијанското фудбалско првенство беше поразен на својот терен со 1.2 од Калјари.
Поведе Калјари во 21 минута со погодокот на Раул Беланова, домашните израмнија во 54 минита преку Андреа Белоти, но сепак гостите дојдоа до важните бодови со голот на Алесандро Деиола во 62 минута.
Торино моментално остана на 11-то место со 33 бодови, додека Калјари во моментов е на безбедната 17-та позиција со 25 бодови и во зависност доколку Венеција победи во натпреварот кој е во тек кај Верона може да се врати во зоната на испаѓање.
Во вечерниот термин се игра дербито меѓу Лацио и Наполи.