
Во последниот натпревар од 24-то коло на германското фудбалско првенство Аугсбург и Борусија Дортмунд одиграа без победник 1:1.
Гостите поведоа во 35 минута со голот на Торган Азар, а во 52 минута имаа одлична можност да зголемат на 2:0, но ударот на Доиуел Мален домашниот голман го одби во пречката. Казната и израмнувањето стаса во 78 минута кога прецизен за Аугсбург бепе Ноа Џоел Саренрен Базе.
Во првиот неделен дуел РБ Лајпциг на гостувањето го победи Бохум со 1:0. Решавачкиот погодок го постигна Кристофер Бнкуни во 82 минута на асистенмција на Бенкамин Хенрикс. Тоа беше брза контра која ја повлече Хенрикс и додаде до Нкуну кој со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата.
Домашните имаа поголем посед на топката од 53 наспроти 47 отсто, двојно повеќе удари на голот од 13 на 6 и многу повеќе корнери 5-0., а во 78 минута, Кристофер Антви-Адјеи ја погоди десната статива.
На табелата води Баерн Минхен со 58 бодови, Борусија Дортмунд е втора со 50 бодови, додека Баер Леверкузен е трет со 44 бодови. РБ Лајпциг сега е четврти со 40 бодови колку што имаат и Фрајбург и Хофенхајм.
Аугсбург моментално е 15-ти со 23 бодови, колку што има и 16-та Херта од местото кое игра доигрување за опстанок, а претпослендиот Штутгарт има 19 и последниот Фирт 14 бодови. Бохум засега е безбеден 11-ти со 29 бодови.