
Полициските Алфи го уапсиле С.З. кој е осомничен дека вечерва во локал во Вевчани уби две лица, а две тешко рани.
Алфите го привеле С.З., а воедно пронајдено било и оружјето со кое најверојатно е извршено убиството. Со осомничениот во моментов се вршат разговори во полициска станица.
Министерството за внатрешни работи повеќе детали најави за во текот на денешниот ден.