Американскиот претседател Џо Бајден разговараше во понеделникот конференциски со светските челници за натамошно наметнување „тешки трошоци и последници“ за Русија порадине нејзината инвазија врз Украина, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува и дека челниците разговарале и за „одржување на глобалната економска стабилност, вклучително и цените на енергијата“.
Учесници на конферецискиот состанок учествувале германскиот канцелар Олаг Шолц, францускиот претседетел Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, италијанскиот премиер Марио Драги, јапонскиот премиер Фумио Кишида, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханис и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, учестувале во конференцискиот состаник.
Белата куќа однапред најави дека целата на состанокот е да се разговара за најновите случувања во врска со рускиот напад врз Украина и да се координира заедничкиот одговор, пренесува DPА.