Русија во понеделникот употребила вакуумска бомба во борбите во Украина, тврди американската амбасадорка во Вашингтон, Оксана Маркарова.
„Денеска употребија вакуумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција. Разорувањето кое Русија се обидува да ѝ го нанесе на Украина е големо“, тврдела Маркарова, пренесува Reuters.
Ниеден од западните медиуми кои ја пренесуваат изјавата на украинската дипломатка не наведува дали можела информацијата да биде потврдена од независни извори. Покрај тоа, не се наведува местото каде што било употребено таквото оружје.
Во саботата амерканската телевизиja CNN објави дека наводно „видела термобаричен ракетен фрлач“ во близина на рускиот град Белгород, а британскиот јавен сервис се повикува на своевремени тврдења на Human Rights Watch, дека наводно корстењето на термобарични бомби „веќе било видено“ во чеченската војна.
Термобаричното оружје не користи конвенционална муниција. Наместо тоа, наполнети се со експлозив под висок притисок и го вшмукуваат кислородот од околината за да создадат извонредно силна експлозија и потисен бран. Вакуумската бомба користи кислород од околниот воздух за да генерира експлозија со висока температура, што обично произведува бранови на експлозија со значително подолго траење од оној на конвенционалниот експлозив.
Украинското обвинување за руско користење на забранета муниција, доаѓа откакко претходно руската страна обвини за користење касетни бомби и фосфорна муниција од страна на украинските сили во нивите напади во источната одментната доминатно руска област Донбас.
Во неделата, челникот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александр Бастрикин нареди да бидат регистрирани сите факти за употреба на забранета муниција од страна на украинските сили и да се истражи нивното користење. Според Москва, покрај нападите со фосфорни гранати врз цивилни цели во Донбас, украинските сили во предградијата на Киев користеле муниција забранета со третиот протокол од Конвецијата на ОН „За забрането оружје“ од 1980 година.
Амасадорката Маркарова изјавата ја дала аперлирајќи до американските Конгресмени за зголемување на помошта на САД за Украина бидејќи нејзината земја се спротиставува на „брутална војна“ од страна на Русија, се додава во извештајот на Reuters.
„Треба (Русите) да платат, треба да платат висока цена“, рекла Маркарова за новинарите по средбата со конгресмените.
Амбасадорката Маркарова рекла и дека Украина активно работи со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и со Конгресот за Киев да добие уште повеќе оружје и на Русија да ѝ бидат воведени уште построги санкции.
Демократскиот конгресмен Бред Шерман, кој присуствувал на средбата со украинската амбасадорка, изјавил дека Украинците повторно побарале да се воспостави зона на забранети летови над Украина, стратегија што ја употреби НАТО во Либија во уривањето на Моемер ел-Гадафи. Но според него, таквиот чекор е премногу опасен, бидејќи моќе да предизвика директен конфликт со Русија.
Русија претходно во понеделникот тврдеше дека воспоставила контрола на воздушниот простор над цела Украина.