ВИДЕО| Харков пеплосан од ракетни проектили и гранатирање

На петтиот ден под руската „специјална воена операцја“ во Икраина се водеа жестоки борби во Харков, а извештаите кои пристигнуваат за мртви и ранети во вториот најголем град на североистокот на земјата, меѓутoа, се противречни.

Повеќе од десетици луѓе смртно настрадале во вторникот утрото во ракетни напади на руските сили врз Харков, соопшти советникот во украинскот министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко. Тоја во објава на Facebook тврди дека врз градот се истрелани „голем број ракети“, пренесува Reuters.

„Десетици мртви и стотици ранети“, додава во објавата Герашченко. Тој, како што пренесува CNN, ситуацијата ја опшиа како „кошмар“.

Агенцијата AFP ги пренесува изјавите на локалниот гувернер кој рекол дека во Харков се убиени најмалку 11 цивил а стотици се ранети, откако руската ракетн аартилерија отворила оган.

Морничави сцени од Харков, опречни бројки

Градот е погоден од едни од најтешките борби досега во војнаа, во поенделникот бил гаѓан со ракети од руските позиции, а видеоснимки покажуваат подрачје околу трговски центар со експлозии.

Илија Пономаренко, новинар на Kyiv Independent објави на Twitter дека „руски БМ-21 Град“ ги „ослободува Украинците од нивните животи и имоти“.

 

Дописникот на BBC од Киев, Абдуџали А, претходно во вторникот објави дека „руските сили го бомбардираат со проектили ‘Град’. А тврдат дека цел им е само воената инфраструктура“, и става снимка со предупредување „вознемирувачко“.

Американскатра CCN, меѓутоа, повикувајќи се на извори во градскиот совет во Харков, дека во последното бомбардирање е убиен само еден цивил – жена, додека 31 лице е рането. Меѓу ранетите 15 се војници а 16 се цивили, пренесува CNN повикувајќи се на ликалните власти.

Градскиот совет на Харков деновите регистрирал 44 ранети, од кои 20 се војници, и вкупно седум убиени, од кои двајца се војници и петмина цивили.

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова на Facebook ја опиша ситуацијата во вторникот како „попеколна отколку што беше вчера“, пренесува CNN.

Венедиктова објавува снимка на проектил и рече дека „удрил во кујнски прозорец и ѝ откинал нога на жена којашто подоцна починала во болница“.

Повикувајќи се на украински функционери и геолоцирани снимки на социјалните мрежи, CNN пренесува дека станбена населба во Харков во понеделникот била погодена со ракетни напади. Снимките покажуваат повеќе екслозии на ракети близу станбениот кварт Салтивка на североистокот од градот, во близина на супермаркет. Една снимка прикажува заглавен дел од ракети на улица.

CNN, исто така, наведува дека украинските сили во неделата успешно одбиле руско напредување на стратешкиот аеродром близу Харков, кој е под релиси постојани напади.

 

Улични борби

Регионалниот гувернер Олег Синегубов изјави во неделата попладбнето дека украинските сили ја повратиле контролата над Харков, откако руските сили претходната ноќ влегле во градот.

„Харков е целосно под наша контрола! Вооружените сили, полицијата и одбранбените сили работат и градот целосно се чисти од непријателот“, навед Синегубов на Telegram каналот пренесува BBC.

Руските единици во текот на ноќта успеале да навлезат во градот, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат улични борбо меѓу украински и руски војници.

Ситуацијата на теренот, меѓутоа останува флудина и тврдењата за контрола над градот, како и за жртвите, тешко може да се проверат, но BBC се повикува на очевидци и вели дека Харков повторно е под украинска контрола и дека уличните судири слабеат.

Новинарот на Associated Press Џозег Федерман изјавил за Танјуг дека во Харков се водени „жестоки сидири.

„Она што го знаеме е дека се водени жестоки судири во Харков, вториот по големина град во земјата, но дека настапи нова фаза на нападите на Русите на депоата со гориво и авиобазите, бидејќи ги смените целите на нападот“, рекол новинарот кој инаку е сместен во Киев.

„Во Киев имавме тешка ноќ, се слушаа сирени, имаше екслозиии, но немаше судири во главниот град“, истакнал Федерман додавајќи дека се наоѓа во украинската престолнина и дека „изгледа како град на сеништа“.