Граѓаните кои излегуваат од Русија нема да може да изнесат повеќе од 10.000 долари

Руските граѓани веќе не можат да ја напуштат земјата со над 10.000 долари во странска валута во рака, откако претседателот Владимир Путин издаде таков декрет.

Наредбата стапува во сила од денеска, јави Би-Би-Си.

Потегот доаѓа откога санкциите од западните земји ја осакатија руската економија и ја намалија вредноста на рубљата.