Русија објави дека го контролира Херсон

Украинските медиуми тврдат дека ноќта кон средата се одвивале тешките борби на истоток и југот на Украина, додеак руските сили вкупно седми ден, вклучително и денот на застој поради очекувањето на почетокот на преговорите, продолжува со офанзивата и објави дека го освоила Херсон.

Руското министерство за одбрана соошти во средата дека руските вооружени сили го освоиле јужниот украински град Херсон, известуваат руските новински агенции.

„Единиците на руската војска ја преземаа целосната контрола врз регионалниот центар Херсон. Цивилната инфранструктура, објектите важни за животот и урбаниот сообраќај функционираат во секојденвен режим. Во градот нема недостиг од храна и основни предукти, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Додаде дека во тек се преговори со надлежните локални власти за одржувања на функционирањето на објетките од социјалните инфраструктурата.

Украинските медиуми известуваат дека во Херсон руски тенкови отворале оган врз објектите на уркаинската разузнавачка агенција СБУ.

Антон Херашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, изјави дека во борбите настрадале повеќе цивили и дека жителите на Херсон градот го бранат со „молотови коктели“. Локаните медиуми известуваат дека градот е опкружен од непријателските сили.

Градските функционери соопштуваат дека руската војска ги заземала пристаништето и железничката станица. Јавуваат, исто така, дека имало повеќе мртви меѓу кои се цивили и припадници на украинската војска.

Според извештаите од Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа во источниот дел на земјата, руските сили наводно го нападнале воениот медицински центар. Украинската новинска агенција УНИАН извести дека украинските сили заробиле шест нови руски тенкови „5-80БВМ“, но Reuters пренесувајќи ја веста наведува дека овие информации не можат да се проверат од независни извори.

„Руските сили од почетокот на нападот во Украина онеспособиле потполно 1.502 објекти од воените инфраструктира на укранските сили. Од тоа 51 командна позиција и комуникациска центар на украинската војска, 38 противвоздушни и ракетни системи С-300, Бук М-1 и „Оса“, и 51 радарски систем“, изјави во средата Конашенков.

Според него, уништени се 47 украински борбени авиони на земјата и 11 авиони во воздух 472 тенкови и други оклопни возила, 62 повеќецевни ракетни лансирни системи, 206 теренски артилериски единици и минофрлачи, 336 специјални воени возила и 46 беспилотни летала.

Во покренатиот во вторникот масовен удар на руската авијација биле уништени 67 објекти на воената инфрасткура на Украина, додаде портпаролот на руското министерство за одбрана.

Додаде дека од почетокот на борбите во Украина минатата седмица, силите на милицијата во одметната источна ткн Луганска народна република напредувале на теренот во длабочина од 75 километри на територијата, додека силите на Донецката „народна република“ имале напредок од 58 километри во длабочината зад поранешната линија на раздојување со укранските сили во областа Донбас.

„Групацијата на војските на Луганската Народна Република, со поддршка на Вооружените сили на Русија, продолжувајќи ги успешните офанзивни операции, воспостави контрола над населните места Староблеск и Сватово. Групацијата на Донецката Народна Република, проширувајќи ја офанзивната зона, воспостави конрола врз Калиновка, Лебединско…“, рече Конашенков на брофингот во Москва.

Украинските сили во местата Токмак и Василиевка престанале да даваат отпор и доброволно го положиле оружјето, тврди портпаролот на руското министерство за одбрана.