![gas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/gas.jpg?resize=680%2C453&ssl=1)
Центата на гасот во Европа во текот на тргувањето во средата претпладнето го собори историскот рекорд забележан кон крајот на декември минатата година, и се искачи на речиси 2.230 американски долари за илјада кубни метри гас, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Со тоа генерало цената на гасот пораснала за 59,4 отсто.
Цената на априските фјучерси во најголемиот европски центар TTF во Холандија се зголеми на 2.226 долари за илјада метри кубни, или за 193,95 долари за мегават час, врс основа на тековниот курс на еврото во однос на американскиот долар. Цените на ICE се прикажуваат во евра за мегават час.
Цената на гасот во средата од миг во миг ги минуваше преговите од 1.500, 1.600, 1.700, 1.800, 1.900, 2.000 и 2.100 долари за илјада кубни метри.
Растот на цените на гасните пазари е поттикнат од САД, ЕУ, Велика Британија, а голем број други земји најавија воведување жестоки санкции против руските банки и рускиот финансиски центар, како и против државните енергетски компании, како одмазда за руската воена интервенција во соседна Украина. На цената на гасот, поддршка исто така им даваат и растот на цената на нафтата, која ги достигна највоските нивоа од јуни 2014 година.