Киев: Досега загинале повеќе од 2.000 Украинци

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици, изјави денеска заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко за ТВ Русија-24.

Според него, Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.

– Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат – рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина и дека „сето тоа е многу опасно“.

Украинската служба за итни случаи, пак, денеска соопшти дека во руската инвазија се убиени повеќе од 2.000 украински цивили, а уништени се стотици објекти, вклучувајќи транспортни објекти, болници, градинки и домови.

„Децата, жените и одбранбените сили ги губат своите животи секој час“, се наведува во соопштението.