Украинска делегација на пат за втората рунда разговори со Русија – објавија фотографија од хеликоптер

Украинската делегација патува со хеликоптер за да се сретне со руските колеги на вториот круг разговори, изјави советник на украинскиот претседател.

Преговорите меѓу Украина и Русија ќе започнат за неколку часа, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, пренесува The Guardian.

Да потсетиме, првата рунда разговори што се одржа во понеделникот во близина на белоруско-украинската граница заврши по околу шест часа без никаков напредок.