Осум загинати во уривање на романски „МиГ“ и воен хеликоптер

Во две одвоени уривање на романски борбен авион „МиГ-21“ и воен хеликоптер „IAR 330-Puma“ загинаа вкупно осум лица, соопшти во четвртокот романскоот министерство за одбрана.

Пилитот на романскиот борбен авион и седумчлениот екипаж на хеликопетротр испратен да го пронајде вооперација на потрага и спасување, сите загинале кога нивните летала се урнале во одвоени инциденти во средата доцна вечерта, соопшти министерството.

Авионот бил на задача за воздушно патролирање кога исчезнал од радарите во источна Романија, во областа меѓу местата Когеалак и Гура Доброгеи. Пилотот на хеликоптерот испратен да ја открие локацијата на паднатиот авиони пријавил неповолно време и бил повикан да се врати во назата пред и тој да се урне, според министерството.

Романија, која е членка на Европската унија и на НАТО, планира постепено да ги укине своите авиони „МиГ“ од советско и руско производство и целосно да мине на американските „F-16“.