Лавров предупреди дека некои на Западот се подготвуваат за војна против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди во четврокот дека е убеден оти некои западни челници се подготвуваат за војна против Русија, порачувајќи дека Москва никогаш не размислувала за нуклеарна војна но дека ќе продолжи со воената операција во Украина „до крај“.

Во интервјуто за руската јавна телевизија, Лавров го обвини украинскиот претседател Владимир Зеленски дека води „општество во коешто цути инацизмот“. Москва и порано тврдеше дека Зеленски, кој е инаку етнички Евреин, е всушност заложник на радикалните националистички и неонацистички кругови во Киев и оти не води самостојна политика, особено во поглед на укинувањето на поранешните права коишто во Украина ги уживаше големата етничка руска и рускојазична заедница.

Шефот на руската дипломатија, притоа изјави дека не се сомнева оти ќе биде пројнадено решение за кризата во Украина, во моментите кога делегациите на двете земји се подготвуваат за нов круг од преговорите.

Дијалогот меѓу Русија и Западот мора да се заснова врз меѓусебно почитување, повтори Лавров и го обвини НАТО дека настојува да ја ззадржи превластат. Предупреди дека иако Мосвка има многу добра волја за постигнување договор, не може да дозволи никој да ги поткопува нејзината безбедност и интереси.

Москва нема да ѝ дозволи на Украина да ја задржи инфраструктурата којашто претставува безбедносна закана за Русија. Исто така, Москва „не можеше да ја толерира“ воената закана од Украина, рече Лавров, додавајќи дека е убеден оти Русија е „во право“ врска со Украина.

„Мислите за нуклеарна војна постојано се вртат во главите на западните политичари, но не и во главите на Русија. Ве уверувам дека нема да дозволиме каква и да е провокација да нѐ исфрли од рамнотежа“, рече Лавров.

Шефот на дипломатијата одговори дека Русија не се чувствува политички изолирана во светот, како и дека прашањето за тоа како Украина ќе живее треба да го дефинираат сите нејзини граѓани.

Лавров рече и дека Русија поседува информации дека САД се загрижени поради можноста од губењето контрола над, како што рече, хемиските и биолошките лаборатории во Украина и ја обвини Велика Британија дека во соседната земја гради воени бази.