САД: Ослободен бел полицаец кој застрала црна девојка

Поротата во чевртокот ослободи полицаец кој беше доведуван во врска со смртта на црната девојка Бриона Тејлор која пред речиси две години е убиена во својот стан со острели од огнено оружје по што стана еден од симболите на движењето Црничките животи се вредни (Black Lives Matter – BLM).

Полицаецот, 45-годишниот белец Брет Хенкисон не беше обвинет за смртта на младата жена, туку за „доведување во опасноста“ на нејзините соседи кога пукал од своето службено оружје низ преградниот ѕид.

По судењето кое траеше седум дена и по тричасовното одлучување, поротници донеле решение дека „не е виновен“. Хенкисон ја примил веста воздржувањејќи се да не заплаче, пренесуваат локалните медиуми.

Одлуката на поротата веројатно ќе поттикне немири во Луисвил, најголемиот град во сојузната држава Кентаки, каде што во септември 2020 година ситауцијата се вжештин кога државните обвинмители се откажаа од кривичен прогон на другите полицајци кои биле вмешани во инцидентот, а Хенкисонм го обвинија само по една точка.

Негвиот адвокат Стив Метјус изјави дека е задоволен од пресудата. „Правдата е задоволена“, коментира адвокатот, оценувајќи дека неговиот клиент ја „работел својата работа на полицаец“.

На 13-ти март 2020 година тројца полицајци во Лусивил среде ноќ упаднале во домот на Бриона Тејлор, 26-годишна помошна негувателка, во рамките на истрагата против осомничени за препродавање дроги, меѓу кои бил и нејзиниот поранешен партнер.

Нејзиниот нов партнер Кенет Вокер отворил оган од оружје коешто легално го поседувал, мислејќи дека во станот влегле провалници. Полицијата возвратила, а Тејлор била погодена со дваесетина куршуми.

Полицајците имале ткн налог „но нок“, врз основа на кој можеле да влезат во станот без предупредување. Тврделе дека сепак тропнале на вратрата, што Вокер го оспоруваше.

Во почетокот смртта на Бриона Тејлор не привлекуваше поголемо внимание во американската јавност, но во фокусот на настаните стана неколку месеци подоцна, во рамките на големите антирасистички протести кои ги потресуваат САД по смртта на Џорџ Флојд, четириесетгодипшен црнец кого со зафат го задуши бел полицаец во Минеаполси на 25-ти мај 2020 година.

Американската влада инаку води истрага за постапките на силите за воспоставување на редот во Луисвил.