Сите повици НАТО да прогласи зона забранета за летови над Украина се неодговорни и би можеле да го воведат Северноатлантскиот пакт во директен судир со Русија, предупреди во петокот литванската премиерка Ингрида Симоните.
„Верувам дека секои охрабрување НАТО сега да се вклучи во воениот судир е неодговорно“, изјави Симонуте на прес-конференција во Вилнус.
Претходно советникот на украинскиот претседател Михаил Подолјак, како и самиот Владимир Зеленски, уште еднаш ги повтори секојдневните барања од Киев и оцени дека затворањето на воздушниот простор над Украина би ја запрело ескалцијата на судирот.
Подолјак смета дека е дојдено времето „западните партнери да ја преземат одговорноста за завршување на војната која ја покрена Руската Федерација во Украина“.
„Само затвореното небо нагло ќе ја запре ескалацијата. Време е западните партнери да ја преземат одговорноста за завршување на војната“, напиша Подолјак на Twitter.
Заменикот на градоначалникот на Мариопл, кој инаку не е избран туки именуван од Киев во овој доминатно руски и рускојазичен пристанишен град на украинскиот југ и во кој е распореден злогласниот баталјон „Азов“ на ултранационалистичкото движење „Десен сектор“, повика НАТО да испрати војници во Украина или барем да го затвори небото над неа за да биде заштитена од закани од воздух.
Нејасно е како во Киев сметаат дека НАТО може еднострано да прогласи зона на забранети летови над Украина. Тоа Алијансата веќе го стори пред десетина години во времето кога го поддржа соборувањето на либискиот видач Моамер ел-Гадафи, но во сосема поразлични геополитички околности.
Американските функционери го отфрлаа редовоно ова барање од Киев, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во петокот пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО дека Алијанската е одбранбен сојуз кој не бара судир со Русија, но дека доколку дојде до неа е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија. Украина не е членка на НАТО и покрај нејзините амбиции што е и директен повод за руската офанзива на нејзина територија, а Блинкен фактички уште еднаш ја отфрли идејата за зона на забранети летови.