4.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Порошенко вели не плашете се од Путин и не верувајте му!

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се појави на Би-Би-Си. Тој остро го осуди рускиот напад и особено го нападна нивниот претседател Владимир Путин.

„Не го губиме Мариупол, не го губиме Харков, не го губиме Киев. Путин може да го изгаси светлото, но не може да ја убие украинската душа. Тој нема успех во овој напад. Сакам да и се заблагодарам на британската влада, пријателот Борис Џонсон и целата британска солидарност со Украина. Вие бевте меѓу првите кои воведоа санкции кон Русија и сите ние мора да продолжиме со санкциите“, рече Порошенко.

Тој порача дека на Путин не треба да му се верува.

„Бев во преговори со Путин пред неколку години. Ве молам, не му верувајте на Путин бидејќи тој никогаш не се држи до неговите зборови. Не плашете се од Путин. Учете од Украина, ние не се плашиме од Путин, го запираме. Стоиме со оружјето во наши раце и не му дозволуваме да оди понатаму. Ќе го победиме, иако без вода и без храна“, изјави Порошенко за Би-Би-Си.

Порошенко пред една недела се појави на улиците на Киев со калашников во раката.