
Пратеникот на Врховната рада на Украина (парламентот), Александар Дубински, објави во саботата дека членот на првата украинска делегација на преговорите со руската страна, Денис Киреев, бил убиен од укранското разузнавање Служба за безбедност на Украина (СБУ).
„Во текот на апсењето од страна на припадниците на СБУ, беше убиен членот првата делегација на Украина во Гомел, Денис Киреев. Тој беше осомничен за предавство. Киреев беше човек на Кљуевците (Андриј Кљуев, секретар на Советот за национална безбедност и одбрна на Украина од 2012 до 2014 година)…. Како влезе во украинската делегација за преговорите со окупаторите – навистина сака да објаснат од кабинетот на претседадателот?“ Владимир Зеленски, пишува Дубински на својот Telegram канал.
Истовремено извори на украинското издание Обозреватель, ја потврдиле информациајта. Според нив, Киреев бил осомничен за предавство. Сепак, сѐ уште нема официјални потврди за оваа информација.
Првата рунда на украинско-руските преговори се одржа 28-ми февруари во белоруската областа Гомел. Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Медински, заменикот министер за надворешни работи Андреј Руденко, заменикот министер за одбрана Александар Фомин, шефот на Комитатот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки и рускиот амбасадор во Белорусија, Борси Гризлов.
Во украинската делегација, покрај Киреев, учествуваа и министерот за одбрана Олексиј Резников, шефот на пратеничката група на владејачката партија Слуга на надород, Давид Арахамија, земникот министер за надворешни работи Микола Точицки, советникот во претседателскиот кабинет Михаило Подолјак, потпретседателот на Врховната рада, Рустем Умеров, првиот земник-шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група, Андреј Костун. Преговориет тогаш траеја речиси пет часа, по што следеа консултации со водствата на двете земји пред одржувањето на втората средба.