Русија ги обвини украинските радикали за етничко чистење

Украинските радикали вршат етничко чистење на тертиротии кои ги контролираат, упаѓаат по домови и ги проверуваат пасошите и личните документи на локалното населениe, објави во недела меѓусекторскиот координативен штаб за хуманитарен одговор во Украина.

„Радикалите (…) упаѓаат во домовите и становите на локалното цивилно население, а на улиците спроведуваат проверка на личните документи за идентификација“, се истакнува во соопштението.

Според претставниците на споменатото тело, киевските влсти не им дозволуваат на странците да ја напуштат Украина стравувајќи дека „целиот свет ќе ја дознае вистината за злосторствата врз цивилното население што ги вршат неонацистите“.

„Со сигурност се знае дека од почетокот на специјалната воена операција (како што Москва официјално ја нарекува офанзивата во Украина), илјадници луѓе, меѓу кои и странци, се подготвени да ја напуштат териротијата на Украина и да заминат во Руската Федерација, но властите во Киев одбиваат да ги пуштат….“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека таквата информација ја потврдиле и 17 жители на опсадениот јужен град Мариупол кои во саботата успеале самите преку тајни премини по брегот на Азовското Море да го напуштат градот кој е под контрола на паравоените формации на укранските ултранационалистички и неонацистички групации.

„Тие рекоа дека илјадници луѓе сакаат да го напуштат градот преку хуманитарниот коридор во источен правец, кон Русија, но нацистите жестоко ги оневозможуваат сите такви обиди, па дури и со примена на оружје и смртни закани“, се додава во соопштението.

Се додава дека исти инструкции од властите во Киев добиле и паравоените формации и во други градови во Украина кои се опкружени од руските единици, во прв ред Харков и Суми. Таму, според овој извор, бил блокиран преминот за бегалците во безбедносни зони на блиската руска територија.

„Не разбираме зошто западниот ‘цивилизиран свет’ не реагира на сиве овие злосторства од хуманитарен карактер“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека и во неделата, кога пропадна и вториот обид да се евакуира цивилното население од Мариупол, „неонацистичките баталјони применуваат терористичка тактика, ги држат цивилите како жив штит и разместуваат тешко оружје во станбени објекти“.

Во раната пролет 2014 година, кога по превратот во Киев беше воспоставена самопрогалсената Донецка народна републик, а Мариупол со тогаш на 450.000 жители беше вториот град по големина во регионот по Донецк. Меѓутоа, во јуни истата година украинските сили ја вратија контролата над Мариупол, а неговите источни предградија станаа точки на најжестоките битки во источна Украина.

Според украинските власти, над 200.000 жители имаат намера да го напуштат градот кој е во обрач на проруската милиција од Донецк и руските сили. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за двата неиспешни обида викендов да се извлече цивилното население.