
Актуелниот кошаркарски шампион на МЗТ Скопје Аеродром, вторпат сезонава успеа да слави над најтрофејниот колектив и голем градски ривал Работнички (83-89) и така се приближи до лидерот на табелата Пелистер.
За „штрковите“ ова беше петнаесетта победа сезонава, или петта во низа, додека Работнички го претрпе единаесеттиот пораз, шести во низа и е далеку од Суперлигата.
Најдобар кај МЗТ беше Хуан Дејвис со 21 поен и осум скока, пред Војдан Стојановски со 14 и Немања Милошевиќ со 13 поени. Кај Работнички, Деон Едвин финишира со 33 поени, пред Стефан Балзамовиќ со 16 поени.
На табелата МЗТ е втор со скор 14-3 и во следното коло игра со Ангели, додека Работнички е осми (7-10) и се соочува со Академија ФМП.