Пентагон проценува дека во Украина загинале меѓу 2.000 и 4.000 руски војници

Американски функционери процениле, без да наведат податоци и докази, во вторникот дека во Украина од почетокот на руската воена операција загинале „меѓу две и четири илјади“ руски војници, но дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да и засили нападите и „покрај воените несупеси и еконмски тешктии“ кои произлегуваат од меѓународните санцкии.

Зборувајќи пред конгресната комсииа, генерал-полковникот Скот Вериоер, директор на Одбранбено-разузазнавачка агенција (DIA), рекол дека рамковната прекци за бројот на мртви руски војници требад а се земе предвод бидејќи се темели на поивеќе извори. Руското министерство за одбрана на 2-ри март објави дека дотогап во Украина загинале 498 руски војници.

„Нашите аналитичари проценуваат дека е малку веројатно дека Путин ќе може да го одвратат неуспесите и дека наместо тоа ќе дојде до ексалација. Со толку високи тензии секогаш постои потенција за непланирана акција“, изјави на истото сослушување пред конгресната комисија Аврил Хејнс, директорка на Националното разузнавање (NI),.

Хејнес рече дека разузнавачките аналитичари не забележале промени во руската нуклеарна позиција, освен онакво какво што е забележано во текот на претходните меѓународни кризи.

Вилијем Барнс, директотр на Централната разузнавачка агенција (CIA), исто така, ја потврди процената на Хејнес дека е малку веројатно Русија да се повлече.

„Мислам дека Путин сега е гневен и фрустриран. Веројатно ќе вложи повеќе напори и ќе ја скрши украинската војска сега со помлаку обѕири кон цивилните жртвои… Споделивме значајни разузнавачки информации со Украина“, реле Барнск.

Барнс рече дека тој и аналитичарите на CIA не гледаат како Путин може да ја постигне целта којашто САД и Велика Британија му ја припишуваат наводно „заземањето на Киев и замена на влададата на претседателот Владимир Зеленски со промосковско марионетско водство“.

„Не гледма како може да постигне таква цел и каде тоа го води/. Верувам дека следните неколку лоши седмици ќе го удвои влогот.. со малку обѕир кон цивилните жртви“, рече Барсн во конгресната комсија истакнувајќи дека „апсолутно е уверен“ дека Украинците ќе продолжат да пружаат отпор „ефикасно и решително“.