Полска не се согласила со САД да ги дислоцира своите ловци „МиГ-29“ од советскиот период за можна подоцнежна испорака во Украина, изјави во вторникот вечерта американската државна потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.
„Ја видов оваа објава од полската влада буквално кога се упатив тука (на Капитол Хил). Колку што ми е познато немаше претходно консултации со нас за тоа дека планираат да ни ги предадат овие авиони“, рече Нуланд.
Малку претходно во вторникот вечерта, полскиот премиер Матеуш Моравјецки при посетата на Осло за новинарите објави дека неговата земја не е подготвена самостојно да ѝ испорача на Украина ловци од типот „МиГ-29“.
„Мора да се истакне дека Полска не е страна во оваа војна, а и НАТО не е страна во војната. Поради тоа, одлуките за испорака на офанзивно оружје треба да се носат на ниво на цело НАТО. Затоа, всушност, ние сме подготвени дел од нашите ловци да ги префрлиме во Рамштајн, но не сме подготвени за какви и да се самостојни чекори“, рече Моравјецки.
Полска за претходната одлука којашто ја објави нејзината дипломатија не се консултирала со Вашингтон“, рече Нуланд пред сенатската Комисија за надворешна политика и потврди дека американската администрација разговарала за барањето на Украина да ѝ се дадат полските авиони.
„Колку што ми е познато претходно не се консултираа со нас за тоа дека планираат да ни ги дадат тие авиони. Се радувам дека, кога ова сослушување ќе заврши, ќе се вратам во мојата канцеларија и ќе видам како ќе одговориме на тој нивен предлог да ни ги дадат авионите“, рече претходно Нуланд пред сенаторите.
Претходно во вторникот полското министертво за одбрана објави дека Варшава е подготвена да ги стави своите ловци „МиГ-29“ на располагање на САД и да ги дислоцира во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија. Според отворените извори. Полска во моментов поседува 22 борбени и 6 тренажни летала кои потекнуваат од советската ера.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, претходно во вторникот на брифингот со новинарите во молдавската престолнина Кишињев, изјави дека САД се подготвени да ѝ даваат и натаму воена помош на Украина, и дека размислуваат да ѝ помогнат на Полска доколку таа се одлучи да се префрли американски ловци од моделот „F-16“.
Истовремено весникот The Wall Street Journal објави дека Вашингтон проучува договор според кој Варшава би можеле да му обезбеди на Киев ловци од типот „МиГ-29“ во замена за испораки на американските лови „F-16“.
„Полска е подготвена да ги префрли своите ловци МиГ-29 во воздухопловната база Рамштајн во Германија и да ги стави на располагње на американската влада“, беше објавено во вторникот претпладнето од полското министерство за надворешни работи.
Беше додадено и дека Полска „истовремено бара од САД да ѝ обезбедат користени авиони со слични перформанси“ и дека Варшава е „подготвена веднаш да ги утврди условите за купување“ на леталата.
Истовремено, полската влада „апелира до другите земји од НАТО кои поседуваат авиони МиГ-29 за слични чекори“, односно да ѝ бидат предадени на Украина. Русија претходно предупреди дека таквите активности би претставувале вмешување во вооружениот судир и ќе ги смета за непријателска активност кон нејзините вооружени сили.