Мал пожар во објект на Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека денес околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација.

Од Општината велат дека пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица.

 

На лице место пристигна екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немаше потреба од дополнителна интервенција.

-Ги известуваме граѓаните дека во моментов во бараката 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес, информираат од Општината.