Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска без струја ќе останат повеќе скопкси општини.

Според информациите на РЦУК, од 08 до 15 часот, без електрично напојување ќе останат корисниците од улиците: Алекса Дундиќ, Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам, Христијан Тодоровски Карпош, Александар Турунџиев, Рокомија и Кучевишка Бара, во општина Бутел.

Од 09 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Радика во општина Ѓ.Петров, а од 09 до 15 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни во општина Шуто Оризари, дел од ул. Моцартова и ул. Николај Островски во општина Ѓ.Петров, како и корисниците од с. Љубин во општина Сарај.

Во периоспдот од 09 до 16 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од ул. Димо Хаџи Димов и ул. Мариовска. во општина Кисела Вода, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од дел од ул. Мраморец во општина Карпош.