Иванов: Бугарија утре треба 79 пати да клекне на колена и да се извини за депортацијата на Евреите

Новинарот Зоран Иванов упати повик до властите во Софија да се извинат во име на државата за депортацијата на македонските Евреи во Втората светска војна.

Трагичните настани во кои биле убиени над 7,000 Евреи од Македонија се одбележуваат на утрешниот ден – 11 март. Утре е 79=тата годишнина на масовната депортација на македонските Евреи во логорот Треблинка.

„Еве ѝ шанса на актуелна политичка Софија денеска, утре, 79 пати да клекне на колена и да му се извини на еврејскиот народ за Скопје, Битола и Штип – Март ‘43-тата, напиша Иванов на Твитер.