
Припадници на вооружените формации на Централноафриканската Република, објавија на интернет видео-снимка во којашто порачуваат дека се подготвени да учествуваат на страната на руските сили во конфликот во Украина како доброволци во борбите против тамошните радикали.
Претходно во петокот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред претседателот Владимир Путин изјави дека околу 16.000 ветерани од војните на Блискиот исток се подготвени да земат учество во руските воени дејства во Украина. Путин се согласи со идејата за привлекување доброволци, истакнувајќи дека Западот не го сокрива фактот дека финансира привлекување платеници за борбите во Украина.
„Ние сме централноафриканските сили, африканските национални сили, Централноафриканската Република, Централноафриканската национална армија. Подготвени сем да им помогнеме на нашите руски браќа. Русите се наши партнери. Дури и ако светот вели дека може да се бори против Русија, ние, руските партнери сме подготвени да ѝ помогнеме на Русја да се бори во Украина. Подготвени сме ако Русија нѐ побара и ни каже да одиме во Украина, ќе одиме со сета решителност. Ќе им помогнеме на Русите да се борат против земјите од НАТО, кои не можат да нѐ заплашат. Подготвеи сме да се бориме затоа што Русија ни помогна да се бориме во нашата земја, а ние победивме. Ќе ѝ помогнеме на Русија да се бори подобров во Украина“, вели на снимката маж во воена униформа опкружен со група вооружени лица, пренесува агенцијата РИА:
Во друго видео, на кое исто така се гледа група вооружени лица, маж на француски јазик им се обраќа на своите „руски браќа“.
„Знаеме што се случува во Украина. Руските војници спроведуваат воена операција за да го вратат мирот и редот. Ние африканските војници сме подготвиме да заминеме на страната на нашите руски браќа за да ги поддржиме. Руски браќа, издржете!. Но Африканците наскоро ќе дојдеме“, вели мажот, според истиот извор.
Претходно во четвртокот слични видеа со слични пораки биле објавени на социјалните мрежи од доброволци од Конго и Камерун.
Украинските власти веднаш по почетокот на руската офанзива во земјата објавија создавање странска легија од доброволци и платеници од целиот свет. Американското издание Vice објави интервју со поранешен британски воен експерт за воздушна одбрана и прикажа видео во кое тој минува преку контролен пункг на граничната полиција во западна Украина. Голем број странци, меѓу кои и американски државјани, се интересираат за начините како да им се приклучат на украинските сили, се додава во прилогот на Vice.