
Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал текстил“ Џенс Ванланд, денеска заедно на прес-конференција ќе информираат за процесот на реализација на инвестицијата на оваа германска компанија.
Компанија „Техникал текстил“ од Германија објави дека ќе инвестира 12 милиони евра и ќе вработи над 500 лица во фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Штип.
За Македонија и бизнис поволностите се информирале од престижен економски германски весник.
Изградбата на фабриката најверојатно ќе започне овој месец, а производството следната година. Само во првата фаза ќе бидат вработени над 500 работници.
Инаку, компанијата произведув изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија, но како што најавија и претходно, покрај овој ќе инвестираат и во друг бизнис.