Португалската правосудна полиција гo привела во петокот рабинот на еврејската заедница во градот Порто, Даниел Литвак, под соменние за незаконски дејствија во врска со доделувањето на португалско државјанство на рускиот бизнисмен Роман Амбрамович, пренесуваат локалните медиуми.
Спомената еврејска заедница, имено, му издала потврда на Амбрамович за неговото сефардско потекло, што послужило како основа за добивање на португалското државјанство.
Литвак бил приведен додека се подготвувал да отпатува во Израел, извести весникот Público. Полицијата потврдила дека португалската канцеларија за сузбување корупција изведува операција во рамктеи на која се претресени неколку домови и канцеларии.
Рабинот Литвак е осомничен за сторени незаконски дејствија при издавањето на потврдата. Во јануари годинава обвинителството отворило официјална истрага за давањето државјанство на Абрамович, како потомок на сефардски Евреи од Португалија. Истрагата потоа ја презема јавното обвинителство во Лисабон.
Истрагата е започната во јануари кога се појавиле сомневања дека еврејската заедница во Порто „лажира сефардско потекло на Евреи, фалсификува документи и учествува во перење пари“.
Процесот на натурализација на Абрамович го испитува и португалскиот Институт за регистрации и нотоаријат при министерсвото за правда. Истото министерство во декември минатата година потврди дека Амбрамович добил португалско државјанство, а дека постапката за натурализација била завршена на 13-ти април лани.
Натурализацијата на Амбрамович била овозможена со законот за враќање, кој им дозволува на потомците на сефардските Евреи од Шпанија и Португалија, како и на Евреите кои биле насилно преобреатени во христијанство, да добијат португалско државјанство. Според португалското министерство за правда, Абрамович приложил потврда од еврејската заедница во северниот град Порто како доказ за неговото сефардско потекло.
Абрамович го добил португалското државјанство, но тоа не беше објавено до декември кога веста ја објави португалскиот весник Público. Како што пишуваат локалните медиуми, процесот на добивање државјанство за рускиот милијардер бил завршен во „рекордно време“.
Од 2015 година португалско државјанство можат да добијат потомците на сефардските Евреи, протерани во 1496 година со одлуката на кралот Мануел Први. Сефардите се Евреи кои живееле на подрачјето на Пиринејскиот полуостров, а од соседната Шпанија се протерани од католичките кралеви во 1492 година.
Португалсата влада ги овласти еврејските заедници во Лисабон и во Порто да го проверуваат потеклото на потенцијалните потомци на сефардите. Од тогаш биле примени 85.000 барања од кои се одобрени повеќе од 32.000. Околу 90 отсто од тие барања, меѓу кои и на Роман Абрамович, ги примила еврејската заедница во Порто, а според шпанскиот весник El Pais, добила над 19 милиони евра за обработка на сите тие барања.
Абрамович, кој има руско, израелско и литванско државјанство, е еден од главните донатори на Музејот на холокаустото во Порто, отворен во април 2021 година. Еден месед подоцна допатува во Порто да присуствува на фудбалскиот натпревар на лондонски Челзи, чиј сопствени е сѐ уште иако британските власти со антируските санкции го принудуваат да го оттуѓи, во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Вработениот во музејот Хуго Мигуел Ваз бил задолжен за објавување на Wikipedia на податоците за сефардскот потекло на Абрамович. Тоа било во периодот кога рускиот милијардер поднел барање за португалско државјанство, известува Público наведувајќи дека Ваз ги објавувал податоците на англиски и на португалски јазик.
Законот за добување португалско државјанство, во врска со сефардските Евреи, во Португалија е променет во 2013 година на иницијатива на парламентарната пратеничка од редовите на социјалистите Марија де Белем Росеира. Таа е тетка на адвокатот Франциско де Алмеида Гарет, осомничен член на еврејската заедница во Порто.