Украинските резерви на природен гас се проценуваат на 9,5 милијарди кубни метри

Украинските резерви на гас изнесуваат 9,5 милијарди кубни метри, а производството продолжува на сите локации надвор од зоната на непријателствата, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал.

„Резервите на гас во моментов се околу 9,5 милијарди кубни метри. Продолжува увозот на гас од Унгарија, Словенија и Полска. Гасната компанија „Укргасдобича“ продолжува да вади гас од сите локации, освен оние што се наоѓаат директно на линијата на фронтот“, изјави Шмигал.

Според неговите зборови, четирите нуклеарни централи на Украина, како и сите хидроцентрали и когенеративните централи на нејзината територија, продолжуваат да функционираат.

„Постојат договори со Полска за доставување дополнителни серии јаглен со железница. Со цел рационално да се користи јагленот, владата одлучи украинските станици за комбинирано производство да можат да купуваат гас со попуст“, рече премиерот.

Украина има доволно храна за да издржи уште неколку месеци, рече Шмигал.

„Додека е на сила воената состојба, владата го забрани или ограничи извозот на критично важни прехранбени производи, на стоки кои се од витално значење за националната безбедност на храната, вклучувајќи пченица, хељда, месо, јајца, путер, шеќер и така натаму. билансите покажуваат дека Украина има доволно снабдување со основна храна за следните месеци“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на украинската влада.

„Но, треба да размислуваме и за иднината“, рече тој, додавајќи дека властите спроведуваат „план за поддршка на сезоната на сеидба, која треба да започне наскоро каде што е можно“.