
Во рускиот ракетен напад врз воената база во Јаворив крај Лвов, има загинати и 57 ранети, тврдат во неделата локалните украински власти.
„За жал, 57 луѓе се ранети и хоспитализирани, девет херои умреа“, објави воениот гувернер на регионот Лвов, Максим Козицки на Telegram каналот.
Андриј Садовји, градоначалник на Лвов, кој се наоѓа на четририесеттин километри од базата, истото го објави на својот Telegram канал.
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников напиша на социјалните мрежи дека во базата „работеле странски воени инструктори“, но агенцијата Reuters додава дека е нејсано дали во моментот на нападот биле таму.
„Русија го нападна Меѓународниот центар за одржување на мирот и безбедноста (воената база) во близина на Лвов. Таму работата странски инструктори. Информациите за жртвите се разјаснуваат“, напиша Резников во онлајн објавата,
Базата ноќта кон неделата ја бомбардирале руските сили, што е напад на најзападна мета во Украина од почетокот на руската офанзива. Воениот тренажен полигон и центар за обука, е најголемиот во западниот дел од земјата и вообичаено по превратот во Киев во 2014 година е места за заеднички вежби со НАТО, а е на околу 25 километри од границата на Полска.
Очевидци за Reuters рекле дека 19 возила на итната медицинска помош со сирени возеле кон Јаворив, а уште седум возила се движќеле кон базата од која се издигнувал црн чад.
Козицкиј изјавил дека руските авиони истрелале околу 30 ракети врз базата, додавајќи дека некои биле пресретнати пред да ја погодат целта.
„Полска ја осудува секоја агресија врз Украина, вклучителнео и гранатирањето на базата Јаворив“, изјавил портпаролот на полското министерство за надворешни работи во порака испратена до Reuters.
Градоначалникто на друг град на западот на Украина, Ивано-Франковск, изајвил дека русктие сили продолжиле во неделата да го граѓаат тамошниот аеродром. Според првичните извештаи немало жртви.